Портпаролката на британската опозициска Лабуристичка партија Емили Торнбери денеска изјави дека најверојатно ќе мора да има уште едно гласање за доверба на Владата на премиерката Тереза Меј.

Очигледно е дека можеби е дојдено времето да мораме да побараме уште едно гласање за доверба, посочи Торнбери одговарајќи на прашање дали лабуристите ќе иницираат уште едно гласање на доверба на Меј.

Владата на Меј „преживеа“ гласање за доверба во јануари, еден ден откако нејзиниот договор за Брегзит беше отфрлен првпат. Договорот за Брегзит не беше изгласан уште двапати.

Торнбери наведе и дека Велика Британија предводена од лабуристите „најверојатно“ ќе ја продолжи политиката за излез на земјата од Европска Унија.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2019 13:15