Партијата на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган води на локалните избори со 48 отсто од гласовите по пребројувањето на 28 отсто од гласачките ливчиња, јави вечерва турскиот јавен сервис ТРТ.

Најголемата опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) освои 31 отсто од гласовите, врз основа на околу 28 отсто од гласачкиот материјал од над 194.000 избирачки места. Вкупно 12 политички партии учествуваа на изборите на кои денеска граѓаните ги избраа локалните власти за мандат од пет години.

На изборите право на глас имаат 57 милиони граѓани.

Турција има вкупно 81 провинција, меѓу кои и 30 метрополи, вклучително и Истанбул и Анкара.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2019 02:38