Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека се кандидира за европратеник на европските избори во мај, затоа што сака да се бори за „пообединета Европска унија која соодветствува со визијата на основачите на блокот“.

Берлускони ја даде изјавата на конгрес на неговата десноцентристичка партија „Напред Италија“ (Форца Италија). Во последните години партијата загуби дел од својата популарност, затоа што италијанските избирачи се свртуваат кон десничарски партии со антимигрантски и евроскептични пораки, особено партијата „Лига“, коментираат локалните партии.

„Лига“е дел од владејачката коалиција, заедно со популистичкото Движење пет ѕвезди. Партијата се бори за зајакнување на националната автономија и помалку европска интеграција.

Берлускони истакна дека сака Европа „да се врати кон проектот на татковците основачи, кои сакаа многу пообединета Европа, Европа со само една надворешна политика и само една одбранбена политика“.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2019 10:21