Ресторан во Токио по повод крунисувањето на новиот јапонски император, закажано за наредниот месец, пушти во продажба хамбургери со говедско месо, големи колку фудбалска топка и со лепчињата зачинети со златен прав.

Сочната трикилограмска „бомба“, со пречник од 25 сантиметри, исто така, содржи и гускин дроб и свежи црни тартуфи. Во ресторанот „Дабова врата“ ќе може да се купи од денеска.

– Сакавме да направиме нешто за да искажеме почит кон новиот цар и новата ера за Јапонија, изјави главниот готвач Патрик Шимада.

Цената изнесува 100.000 јапонски јени (903 долари), но со оброкот оди и шише вино.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2019 15:21