Сеопфатната акција за гаснење на пожарот кај месноста Каменица, се уште е во тек во беровско Владимирово. Претхдодно во пожар недалеку од оваа месност 40 пожарникари и припадници на шумската полиција од утринава гасеа голем пожар кај месностите Готен и Цареви Колиби.

-Глетката е катастрофална по природата, бидејќи горат столетни дрвја, а животните панично бегаат. Дали и кога пожарите ќе бидат ставени под контрола и изгаснати, во овој момент се уште не можеме со сигурност да потврдиме, јавуваат учесници во акцијата за гаснење.

Од ТППЕ Берово потврдија дека од раните утрински часови се гасне пожар кај месноста Каменица, но за причинетата материјална штета и причините за пожарот дополнително ќе излезат со ново соопштение. Пожарите во месец март во Беровско се незапаметени во поновата историја. Претходниот месец на подрачјето на Беровско се гаснеа над 50 пожари кои изгореа над 2.000 хектари шума.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2019 17:39