Годишниот приход на украинскиот претседател Петро Порошенко, кој моментално се бори за втор претседателски мандат во Украина, бележи зголемување од сто отсто.

Според даночната документација, односно единствената регистарска имотна карта, богатството на Порошенко изнесува 57 милиони долари во период од 12 месеци, до 31 март, што е 95 пати повеќе од регистрираното во истиот период минатата година.

Во 2017 година Порошенко остварил приход од 600.000 долари.

Поголемиот дел од приходот, околу 40,4 милиони долари, го стекнал од инвестиции во Цирих, во Ротшилд Траст Швајц, кој е дел од Ротшилд банката. Украинскиот претседател заработил и 14,7 милиони долари профит од инвестициски фонд, додека приносите на обврзниците од домашни државни кредити изнесуваат речиси милион долари.

Порошенко исто така добил околу 30.000 долари од продажба на недвижeн имот, а повеќе од 14.000 долари од неговата сопруга Марина Порошенко. Во меѓувреме, неговата официјална плата изнесува 12.400 долари.

Просечната месечна заработка во Украина во септември 2018 година изнесуваше околу 320 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2019 01:54