Каматните стапки за станбени кредити во САД неделава драстично опаднаа, најголем пад во изминатите десет години. Тоа се случи откако Федералните резерви на САД се откажаа од намерата да ги зголемат каматните стапки за 2019 година, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Како што е наведено во неделниот преглед на државната корпорација за станбени кредити „Фреди Мак“, средната фиксирана каматна стапка за станбен кредит со рок на отплата од 30 години минатата недела го достигнала својот минимум во последните 14 месеци, или 4.06 отсто годишно, споредено со 4.28 отсто каматна стапка во неделата пред тоа. Таков огромен пад на каматните стапки не бил регистриран од јули 2009 година.

Оваа каматна стапка лани била околу 4.4 проценти.

Во моментов, станбените кредити со рок на отплата од 15 години во САД се издаваат со просечна годишна каматна стапка од 3.57 отсто. Оваа стапка истото време лани била 3.9 отсто.

Станбените кредити, пак, со рок на отплата од 30 години се издаваат со просечна годишна каматна стапка од 4.37 отсто. Лани оваа камата се зголемила до 4.54 отсто, споредоно со највисоката стапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2019 02:28