Елена Ристеска го претстави дуетот со својот руски колега Кирил, со кого започна да соработува минатата година.

Станува збор за песната насловена „Superstar“, чија музика ја потпишува Дарко Димитров, а стиховите се дело на самиот Кирил, алијас Кеј-Ди-Ди-Кеј (KDDK).

Сето тоа стигна спакувано со видео што се снимаше во Мајами и за кое се погрижи Дејан Димковски, а за изгледот на Елена задолжена беше Дани Димковска.

Ова е втора песна и втора соработка за Ристеска годинава, а доаѓа по дуетот со српската колешка Данијела Кариќ за темата „Срца се погреше“ која наиде на одличен прием кај публиката во регионот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2019 03:26