Хаотичен Брегзит, односно излез на Велика Британија од ЕУ без договор, е секој ден се поверојатен, изјави главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние.

Таквата изјава на Барние доаѓа откако британскиот Парламент синоќа повторно не успеа да најде алтернатива за договорот за Брегзит, кој го предложи премиерката Тереза Меј.

И покрај лошата прогноза, Барние истакна дека се уште постои шанса да се постигне договор за Брегзит на самитот во Лондон на 10 април. Доколку Брисел и Лондон и тогаш не успеат да најдат заедничко решение, Британија официјално на 12 април ќе ја напушти Унијата без никаков договор.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2019 10:54