САД ја запреа испораката на делови за борбени авиони Ф-35 во Турција по неколкумесечните предупредувања до Анкара да не купува руски ракетни системи С-400, објави Пентагон.

Американски официјални лица објавија дека ќе ја запрат и продажбата на авиони на Турција ако Анкара не се откаже од рускиот ракетен систем.

-САД беа повеќе од јасни дека купувањето на системот С-400 е неприфатливо. Се додека не се откажат од испораката на С-400, САД ги прекинаа испораките и активностите поврзани со воспоставувањето на оперативната способност на турските Ф-35. Ако Турција набави С-400, нивното континуирано учеството во програмата F-35 е загрозено, рече портпаролот на Пентагон Чарлс Самерс помладиот.

Претставниците на војската на САД и Министерството за одбрана велат дека сè додека Турција, која е членка на НАТО, не ја преиспита набавката на системот С-400, ќе ги загуби другите американски воени авиони и системи.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2019 11:17