Еден 23-годишен Палестинец почина откако беше застрелан од израелски војници за време на судирите на Западниот Брег, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.

Палестинските медиуми објавија дека војската го зела неговото тело, а подоцна им го предала на Палестинците.

Израелската армија соопшти дека во текот на операцијата во Кафр Акаб, југоисточно од Рамалах, Палестинците предизвикале немири.

Во соопштението се вели дека врз војниците биле фрлени камења и експлозивни направи, по што тие одговориле со огнено оружје.

– Го добивме извештај во врска со повредениот Палестинец. Инцидентот ќе биде испитан, се наведува во армиското соопштение.

Според палестинското Министерство, тројца други Палестинци биле повредени во судирите, од кои еден имал прострелна рана, поради што бил подложен на хируршки зафат во болница во Рамалах. Другите двајца Палестинци се минале со полесни повреди.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2019 11:17