„Рајнер“ е единствената авиокомпанија што ќе биде вклучена во листата на 10-те најголеми загадувачи на воздухот во Европа, изработена според податоците на Европската група за животна средина и транспорт.

Ова е првпат меѓу првите 10 на оваа листа да се најде компанија која не користи јаглен како енергенс.

На самиот врв на листата се неколку електроцентрали во Германија, две во Полска и една во Бугарија.

Според податоците од минатата година, емисиите на јаглерод диоксид ослобдени од авионите на „Рајнер“ се зголемиле за 6,9 проценти, иако таа тврди дека „е најзелената и чиста авиокомпанија”.

– Патниците на „Рајнар“ имаат најниска стапка на јаглерод диоксид на изминат километар од која било друга авиокомпанија, стои во соопштението на авиопревозникот.

Минатата година, компанијата почна нова политика за заштита на животната средина, која им нуди на своите патници да ги неутрализираат јаглеродните отпечатоци од летовите.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2019 15:06