Катастарот на загадувачи во Општина Кисела Вода беше главната тема за која денеска разговараа градоначалникот Филип Темелковски и Магдалена Трајковска Трпевска, директор на „Технолаб“ ДОО Скопје.

Неодамна согласно Законот за животна средина, Општина Кисела Вода во соработка со „Технолаб“ ДОО Скопје изготви катастар на загадувачи за интерна потреба. Тој содржи податоци за деловните субјекти кои ја загрозуваат или можат да ја загрозат животната средина на територијата на општината.

Како што информира Општина Кисела Вода, градоначалникот Темелковски се интересирал за добиените резултати од катастарот со цел превенција и намалување на загадувањето во општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2019 16:07