Реконструкцијата на регионалниот пат Јурумлери – Драчево што поминува низ Долно Лисиче е во полн ек.
Со реализација на овој проект регионалниот пат во Долно Лисиче ќе биде целосно реконструиран и долгорочно ќе се реши повеќегодишниот проблем со несоодветна инфраструктура за локалното население.
Проектот има исклучитено значење и предвидува градежни активности и материјали што се според високи меѓународни стандарди.
Станува збор за многу фрекфентен пат и е прв од 12-те најоштетени делници што ќе се реконструираат во претстојниот период. За оваа намена се обезбедени 14 милиони евра од Светска банка.