Израелски сили утрово упаднаа во џамијата Ал-кибали во комплексот Ал Акса во Ерусалим, соопшти портпаролот на вакафот во Ерусалим под јорданска управа (задолжен за грижа за муслиманските и христијанските свети места во тој град).

– Најмалку 10 израелски полицајци влегоа во џамијата Ал-кибали откако нападнаа тројца стражари, соопшти Фирас ал Дибс. Според портпаролот, израелската полиција уапсила двајца Палестинц, кај портата Ал Рама во комплексот.

Тензиите се зголемени во Ерусалим од февруари кога израелската полиција накусо ја затвори портата Ал Рама, сместена кај источниот ѕид на Стариот град во Ерусалим. Тој чекор предизвика бурна реакција меѓу Палестинците.

Во двата месеци оттогаш, израелските власти им забранија на голем број Палестинци, вклучувајќи и верски функционери, да влегуваат во комплексот Ал Акса, кој муслиманите го сметаат за трето најсвето место за исламот, по Мека и Медина во Саудиска Арабија.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2019 17:17