Египетска провинција на Црвено Mоре ќе ја забрани употребата на пластични производи за еднократна употреба, односно од сламки до пластични ќеси, во обид за борба против загадувањето и заштита на животната средина, изјави денеска гувернерот Ахмет Абдалах.

Забраната ќе се применува во ресторани, супермаркети, продавници, аптеки и на бродови за крстарење кои пристапуваат кон брегот.

Тоа ќе се однесува и на хотелите во Хургада, главниот град на покраината и на други места во провинцијата.

Меѓу забранетите предмети ќе бидат и пластични лажички, вилушки и ножеви, како и садови.

– Тоа е борба против пластиката што луѓето ја фрлаат, рече гувернерот и додаде дека целиот тој отпад се задржува во Црвеното море.

Забраната ќе стапи во сила во јуни, рече Абдалах и додаде дека сфаќа дека кампањата ќе биде тешка. Гувернерот не појасни детално како ќе се спроведува забраната.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2019 18:36