Ирскиот министер за надворешни работи Сајмон Ковени денеска изјави дека Ирска нема да дозволи сценарио во кое Велика Британија излегува од Европска Унија без договор и со тоа ја повлекува Ирска од единствениот пазар.

– Мораме да изнајдеме начин да обезбедиме интегритет на единствениот пазар, истакна Ковени во Парламентот.

Тој додаде дека доколку Велика Британија излезе од ЕУ без договор Ирска нема да дозволи Лондон да ги задржи отворените границите.

Претходно, главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние изјави дека и покрај лошата прогноза и понатаму постои можност да се постигне договор за Брегзит на самитот во Лондон на 10 април.

Доколку Брисел и Лондон не најдат заедничко решение, Велика Британија на 12 април официјално ќе излезе од Унијата без договор.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2019 19:01