Татко, мајка и две деца загинале попладнево при падот на малиот авион „цесна” некаде околу врвот Солунска Глава во Македонија. Според првичните информации се работи за бугарски државјани. Информацијата ја објавија дел од медиумите додека од МВР сеуште не соопштуваат детали за исчезнатиот авион.
Со официјална изјава излезе директорот и претседател на УО М-НАВ, Николче Тасески.
-Во 16:16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип Цесна П210Н кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да породолжи за Софија, рече Тасески.
Тој додаде дека пред да го снема воздухопловот од радар пилотот пријавил дека има силни турбуленции.