Холандската служба за безбедност (АИВД) денеска ја советуваше Владата да не користи технологии од земјите кои водат активна кампања за хакерски напади на Холандија, како што се Кина и Русија.

Оваа препорака доаѓа во момент кога холандската Влада ги разгледува опциите за новата телекомуникациска мрежа 5 Г за наредната година и настојува да ја замени својата домашна мрежа за сервисот за итни служби, познат како Ц 2000.

АИВД ги означи кинеските и руските обиди за дигитална шпионажа како голем безбедносен ризик.

– Непожелно е Холандија да разменува осетливи информации или нашите витални процеси да зависат од хардвер или софтвер компании од земјите кои водат активна кибер програма против холандските интереси, наведува АИВД во својот годишен извештај.

Холандскиот премиер Марк Рут одби да ја исклучи можноста за работа со кинески компании кои развиваат нови технологии, дури и во ситуација кога холандските клучни сојузници САД и Австралија го ограничуваат пристапот до кинеската мобилна мрежа на Хуавеј на нова генерација на база на национална безбедност.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2019 04:22