Министрите за надворешни работи на Германија и Франција побараа Велика Британија да биде побрза и појасна откако премиерката Тереза Меј најави дека ќе побара продолжување на процесот околу Брегзит.

– Сакам да кажам, информирајте не ако дојде до промена. Три години по својата одлука, Британците мора да излезат со јасен план, во спротивно, мислам дека ќе сведочиме на тежок Брегзит, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан на заедничката прес-конференција со германскиот колега Хајко Мас.

– Не е пет до 12, туку пет минути после 12 и тоа мора да го знаат и оние во Лондон, рече Мас.

Британската премиерка тереза Меј изјави дека повторно ќе побара од Европската унија да го продолжи периодот за преговори за Брегзит и оти ќе се обиде со лидерот на опозициските лабуристи Џереми Корбин да го надмине застојот во кој се најде тој процес во Парламентот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2019 09:59