Литванецот Скирмантас Стримаитис периодов ги доби своите пет минути во светскиот печат, со тоа што бил единствениот патник во Боингот 737-800 на лет од Вилнус за Италија.

Стримаитис, кој летал од литванскиот главен град до Бергамо на скијање, бил сосем сам во авион што може да прими 188 патници. Освен него, во леталото биле уште само двајцата пилоти и петмината членови на екипажот.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Стримаитис изјавил дека летот, што траел малку подолго од два часа, бил „неповторливо искуство”.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2019 12:55