Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе има средба со лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин со цел запирање на застојот во однос на Брегзит. Таа се надева дека ќе пронајдат модификувана верзија на нејзиниот договор со ЕУ, со кој би се обезбедило мнозинство во Парламентот.
Корбин се согласи на состанок, истакнувајќи дека царинската унија и работничките права треба да бидат приоритет. Корбин претходно жестоко ја критикуваше Меј и во неколку наврати ја повика да поднесе оставка.
Пратеникот Борџ Џонсон, заговорник на Брегзит и член на Конзервативната партија, ја обвини Меј дека конечното решение го доверува на лабуристите.
Џејкоб Рис Мог, поборник на Брегзит, ја опиша нејзината понуда како „длабоко незадоволувачка“ и ја обвини Меј дека планира да соработува со „познат марксист“.
Од предлогот на Меј големо незадоволство изрази и британскиот министер за Велс Најџел Адамс кој од тие причини поднесе оставка. Тој оцени дека со барањето помош од Корбин, Меј ќе ја направи „катастрофата поголема’.
Во писмото со оставката, Адамс наведе дека Меј сега се соочува со два големи предизвици: Да го испорача Брегзит на луѓето кои за него гласаа и да го спречи Корбин да влезе во Даунинг стрит 10 (резиденцијата на британскиот премиер).