Припадниците на МВР, вчера околу 19 часот, ги лоцираа остатоците од авионот на локација на околу пет километри северозападно од Солунска глава.

Бугарските медиуми пак објавија аудио снимка од дијалогот помеѓу контролорите во Македонија и пилотот кој управувал со авионот.

Разговорот се одвивал на англиски и македонски јазик, а после неколку разменети информации, контролата на летање од Скопје не добивала повратни одговори од Бошнаков.

Се обидуваме да избегнеме еден поголем облак, вели Бошнаков.

Може да се прелета над Солунска Глава, нема облаци, сигурно е и чисто со база од над 300 метри над врвот“. „Да, ама пилотот јави дека е турбулентно и го снема од радар, разговараат контролорите.

Целосната снимка слушнете ја на следниов линк која започнува после 11-тата минута



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2019 15:28