Американската Влада одобри продажба на 24 противподморнички хеликоптери МХ-60Р на Индија.

Стејт департментот сакајќи да се спротивстави на се поголемото влијание на Кина во Индиски Океан, одговори на индиското барање, што беше испратено кон крајот на минатата година.

Вредноста на договорот за Локид Мартин хеликоптерите изнесува околу 2,6 милијарди долари.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека со Договорот „се поддржува надворешната политика и национална безбедност на САД и ќе помогне во зајакнување на американско-индиските односи“.

– Индија и понатаму е важна сила за политичка стабилност, мир и економски напредок во индо-пацифичкиот регион и Јужна Азија, се посочува во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2019 16:19