Сенаторите на републиканците и демократите денеска ќе претстават закон со кој треба да се спречи Русија да се меша во изборите во САД. Со законот се предвидени строги санкции насочени на банкарскиот, енергетскиот, одбранбениот сектор и на државниот долг.

Законот познат како „Акт за одвраќање“ е најновиот обид на американските пратеници да го зголемат притисокот врз Москва поради „лошото однесување, од агресија врз Украина и учество во сириската граѓанска војна до обид да влијаат на изборите во САД“.

Законот ќе го претстават сенаторите Крис Ван Холен, демократ и Марко Рубио, републиканец.

Тие и минатата година понудија слична мерка, која исто така имаше поддршка од двете партии, но никогаш не беа повикани на гласање во Сенатот, каде републиканските лидери имаат блиски врски со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Со овој закон, од директорот на Националната разузнавачка служба на САД (ДНИ) се бара да утврди во рок од 30 дена, во случај на сојузнии избори, дали Русија или која било друга странска влада или претставник на влада ќе влијаат на изборите.

Доколку ДНИ открие дека се случило такво мешање, законот бара, меѓу другото, и наметнување задолжителни санкции во рок од 10 дена за руските банки и енергетските компании.

Законот, исто така, бара забрана за сите трансакции под јурисдикција на САД во рускиот суверен долг, обврзниците на руската влада и долгот на кој било субјект во сопственост или под контрола на руската влада.

Санкциите ќе вклучуваат блокирање – замрзнување без да се одземе сопственост во САД на оние кои се засегнати од санкциите, меѓу кои и високи руски политички личности и бизнис лидери.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2019 18:04