Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека Турција е подготвена да развива конструктивни односи, како со Русија, така и со западните држави.

-Турција е независна и суверена држава и би требало да има добри односи со сите соседи, истакна Чавушоглу, дополнувајќи дека „Турција не може да избира меѓу Русија и останатите“. Тој потенцираше дека на односите со Москва не гледа како на алтернатива на односите со другите држави и потенцираше дека никој не може да ги натера на избор меѓу двете страни.

– Тоа се случи со Украина и видовте како заврши, истакна шефот на турската дипломатија.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2019 09:26