Новозеландската полиција го прошири обвинението против австралискиот екстремист Брентон Тарант (28), кој уби 50 луѓе во нападот на две џамии во Крајстчрч.

Тарант првично беше обвинет за убиство, но судијата истакна дека бројот на обвиненија неизбежно ќе се зголеми. Тој сега е обвинет за 50 точки од обвиненијата за убиство и 39 обвиненија за обид за убиство, пренесува Хина.

Австралиецот првпат се појави на суд во саботата и при тоа не се изјасни за вината, ниту побара ослободување со кауција

На 15 март, Тарант влезе во џамијата Ал Нор околу 13:30 по локално време, кога се одржауваа попладневни муслимански молитви и отвори оган кон верниците. Тој испука повеќе од 100 куршуми, само во џамијата. Со себе имал најмалку шест пушки. Напаѓачот потоа се возел седум минути до следната џамија во предградието Линвуд, каде што продолжи со масакрот.

Триесет и шест минути по првата дојава за нападот, Тарант е уапсен во возило каде што, според полицијата, имало импровизирани експлозивни направи.

Нападот, кој премиерката Џасинда Ардерн го опиша како терористички чин, е најголемото злосторство во мирнодопската историја на Нов Зеланд.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2019 09:33