Карлос Гон, до неодамна извршен директор на Рено-Нисан-Мицубиши, повторно е уапсен, соопшти неговиот адвокат.
Локалните медиуми информираат дека поднесено е ново обвинение против него поради финансиски малверзации.
По повеќе од три месеци во притвор, Гон беше ослободен со кауција минатиот месец во вредност од милијарда јени (8,9 милиони долари).
Тој беше уапсен на 19 ноември откако Нисан ги откри неговите долгогодишни финансиски прекршоци во милионски износи, вклучувајќи прикажување помал приход од реалниот и користење на пари на компанијата за лични потреби. Гон ги отфрла обвиненијата за финансиски малверзации.