Владата на германската канцеларка Ангела Меркел го одобри продолжувањето на германските воени мисии во Африка за една година.

Тие вклучуваат германско учество во мисијата за обука на ЕУ во Мали, позната како ЕУТМ, и во мировната мисија на Обединетите нации во таа земја.

Владата, исто така, планира да го прошири учеството на Германија во антипиратската мисија на ЕУ во Аталанта, која дејствува кај Рогот на Африка, но ќе го намали максималниот број на војници од 600 на 400. Германија моментно има околу 180 војници во мисијата ЕУТМ

Уште 900 војници се наоѓаат во Нигер и Мали во рамки на мисијата Минусма. Бројот на војници во тие мисии ќе остане непроменет.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2019 11:51