По прераната смрт на раперот Нипси Хасл, како и повеќето негови колеги, и Фифти Сент објави свој последен поздрав на Инстаграм.
– Сочувствувам со вистинските пријатели и со семејството на Нипси. Жалам за загубата. Бог да го прости, напиша Фифти, но објавувајќи рекламна фотографија од себе си.
Раперот Џа Рул исто така објави последен поздрав на Инстаграм, но придружен со слика од својот починат колега. Потоа, тој го искритикува потегот на самопромовирање на Фифти Сент.
– Каков кловн!, гласи краткиот, но јасен коментар на Џа Рул на неговата објава споделена од познат американски портал.
Инаку, непријателството, односно соперништвото меѓу Џа Рул и Фифти Сент, кое трае речиси 20 години, важи за едно од „најлегендарните“ во раперскиот свет.