Англискиот фудбалски клуб Тотенхем објави рекордна добивка за финансиската година што завршува на 30 јуни 2018 година.

„Петлите“, кои вчера го отворија и новиот стадион, регистрирале чиста добивка од 112.953.000 фунти по даноците, што е за речиси 7 милиони повеќе од пријавеното како профит од Ливерпул, што до сега важеше за светски рекорд.

За сезоната 2017/18, лондонскиот тим известуваат за приходи од 380 милиони фунти, што се должи на зголемената добивка од продажба на билети, додека тимот играше на 90-илјадниот „Вембли“, како и од продажба на играчи, каде клубот зеде 50 милиони фунти од трансферот за Кајл Вокер во Манчестер Сити.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2019 17:17