Шефовите на полицијата ја повикаа јавноста да не ги „разгорува тензиите“, при британското напуштање на ЕУ, потенцирајќи дека околу 10.000 полицајци се подготвени да одговорат на каков било „Брегзит хаос“ низ целата земја.
Националниот совет на шефови на полиции (НПЦЦ) соопшти дека тој ќе ја координираа ситуацијата на национално ниво при потенцијалните проблеми, нарушувања на бродскиот и копнениот сообраќај, недостиг на стоки и други итни случаи поврзани со Брегзит.
Повеќе од 10.000 полицајци се „обучени и достапни за да одговорат на екстремни проблеми“, се наведува во соопштението од НПЦЦ, додавајќи дека плановите биле тестирани и ги вклучиле и најлошите сценарија.
Велика Британија би требало да го напушти блокот на 12 април, но Парламентот во средата гласаше за да ја принуди премиерката Тереза Мај да побара одолжување. Излегувањето на Велика Британија од ЕУ на 12 април, се уште е неизвесно.