Најмалку 12 лица загинаа денеска при гранатирање на сириската армија врз цели во северозападниот дел на Сирија, што е под контрола на бунтовниците.
Според директорот на Службата за цивилна одбрана Обаде Дикира, во гранатирањето загинаа 12 лица и повредени се 12.
Се проценува дека бројот на загинатите може да биде уште поголем поради сериозноста на повредите.
Сириската опсерваторија за човекови права, пак, соопшти дека во гранатирањето загинаа 17 цивили во последните 24 часа на различни локации во северозападниот дел на Сирија и дека половина од нив имаат помалку од 18 години.
Северозападниот дел на Сирија е последниот голем дел од територијата што е под контрола на бунтовниците.