Пијаното на Џон Ленон на кое тој го напиша осмиот студиски албум на Битлси – „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band”, оди на интернет аукција.

Тоа е истото пијано, коешто Ленон го чувал во својата куќа на улицата Сент Џорџ во Вејбриџ. Според гласините, тој имал барем две пијана, но ова му било омилено. Произведено е 1872 година, и е дело на „Џон Броудвуд енд сонс“ чии претходни клиенти биле и Моцарт и Бетовен.

На музичкиот инструмент има мала белешка, која вели: „На ова пијано се напишани песните: „A Day in the Life“, „Lucy in the Sky with Diamonds“, „Good Morning, Good Morning“, „Being for the Benefit of Mr. Kite“ и многу други. Џон Ленон 1971”.

Интернет наддавањето ќе почне на 10 април и ќе трае до 19 април. Првичната сума е 575.000 долари и се очекува да достигне до 1,2 милиона долари.

За споредба, пијаното на Ленон на коешто е отсвирена песната „Imagine” во 2000. е продадено за 1,7 милиони долари, а купувач беше Џорџ Мајкл.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2019 11:05