Украинскиот министер за инфраструктура, Владимир Омелјан, коментирајќи ја иницијативата за единствен транспортен простор со Русија, денеска изјави дека ќе влезе во Москва со тенкови.

– Дефинитивно ќе ја посетам Москва, но со тенкови, заедно со сојузниците, рече тој.

Портпаролката на руското МНР Марија Захарова кусо време потоа го коментираше ветувањето на украинскиот министер.

– Драг пријателе, таа Москва во која вие ќе влезете заедно со сојузниците на тенкови, се наоѓа во американската држава Ајдахо (градот Москоу). Така што напред и со песни !, напиша Захарова на Твитер.

Рускиот сенатор Алексеј Пушков исто така одговори на украинскиот министер, потсетувајќи го дека и Адолф Хитлер имал „сериозни намери да влезе в Москва“.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2019 14:09