Иран би можел да ја стави американската армија на списокот со терористи ако Вашингтон ја прогласи елитната иранска Револуционерна гарда за странска терористичка организација.

Ова денеска го изјави претседавачот со Комитетот за национална безбедност на иранскиот Парламент Хешматолах Фалахатпишех.

– Ако Револуционерната гарда биде ставена на американскиот список на терористички групи, ние армијата на таа земја (САД) ќе ја ставиме на црната листа на терористи веднаш со Даеш (Исламска држава)”, напиша Фалахатпишех на Твитер.

Се очекува САД да ја прогласат елитната иранска Револуционерна гарда за странска терористичка организација, изјавија претходно три неименувани американски функционери за некои светски агенции кои истакнуваат дека ова е првпат Вашингтон официјално да ја нарекува армијата на некоја земја терористичка група.

Се наведува оваа одлука Стејт департментот да ја објави во понеделник.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2019 12:14