Поранешната градоначалничка на Кисела Вода доцна вечерва е пронајдена мртва во стан во Скопје, пренесоа неколку портали.

Најверојатно полицијата ја пронашла во својот дом, но засега официјално соопштение од МВР нема.

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар - Скопје.

Од 2013 до 2017 година, Беличанец беше Градоначалник на општина Кисела Вода како кадар на ВМРО-ДПМНЕ а јавноста последните две години од нејзиниот мандат шпекулираше дека Беличанец имала сериозни здравствени проблеми.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2019 01:01