Данската тенисерка Каролина Вознијацки ќе игра во финалето на ВТА турнирот во Чарлстон, САД. Таа вечерва во првото полуфинале ја победи хрватската претставничка Петра Мартиќ со 2-0.

Во првиот сет беше 6:3, а во вторито 6:4.

Мечот траеше еден час и 25 минути.

Во финалето, Вознијацки ќе се сретне со подобрата од дуелот Медисон Киз (САД) – Моника Пуиг (Порторико). Овој меч почна вечерва по средноевропско време, но е прекинат во првиот сет за Киз.

Турнирот во Чарлстон се игра з анаграден фонд од 758 илјади долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2019 03:46