Вториот сопруг на Билјана Беличанец, режисерот и поранешен директор на МНТ Сашо Миленковски пријавил во МВР дека ја пронашол Беличанец обесена во бањата во неговиот стан.

- На 06.04.2019 г.околу 22,30 часот,во ПС Центар С. М. пријавил дека на ул.„Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење. Од страна на Итна медицинска помош е констатирана смрт. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција, стои во официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2019 10:10