Папата Франциско денеска ги обвини Европа и САД поради продажбата на оружје во воените подрачја во Сирија со што, како што рече, „ги поттикнуваат конфликтите во таа земја, но и во Јемен и Авганистан“.

Зборувајќи пред студенти и професори на Институтот „Сан Карло“ во Милано, Папата рече дека причината за многуте војни во светот е тоа што „богатите Европа и Америка продаваат оружје кое се користи за убивање деца и луѓе“.

Папата Франциско додаде дека без оружје земјите како Сирија, Јемен и Авганистан не би биле во војна.

Според него, земјата која произведува и продава оружје треба да ја има на совест секоја смрт на дете и уништување на секое семејство.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2019 10:15