Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека се уште не го прочитал извештајот на специјалниот обвинител Роберт Малер, кој ги истражуваше контактите меѓу учесниците во предизборната кампања на Трамп и Русија, пред претседателските избори во 2016 година.

– Се уште не сум го прочитал извештајот на Малер, иако имам право да го сторам тоа, напиша Трамп на Твитер.

Тој додаде дека единствено е запознат со заклучоците од извештајот, истакнувајќи дека немало соработка со Русија.

Истрагата на Малер покажа дека изборниот штаб на американскиот претседател не соработувал со Русите за време на кампањата во 2016 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2019 10:20