Во метрото во Москва избувна пожар во кој нема настрадани патници.
– Нема патници на подрачјето каде што избувна пожарот. Нема опасност за патниците, изјави претставник на Министерството за вонредни состојби и додаде дека пожарот е изгаснат и се испитуваат неговите причини.
Според него, немало потреба ниту за евакуација.