Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган денеска отпатува за Русија, каде ќе учествува на состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу Турција и Русија.

Одделот за комуникации при Канцеларијата на претседателот на Турција соопшти дека на денешниот состанок на Советот за соработка на високо ниво, со кој ќе претседаваат лидерите на Турција и Русија, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин, ќе учествуваат министри и други официјални лица од двете земји.

Како што јави агенцијата Анадолија, на состанокот ќе се разговара за билатералните односи меѓу Турција и Русија, како и за регионалните и глобалните теми. Се очекува на состанокот да бидат потпишани и повеќе билатерални договори.

Во рамките на состанокот на Советот за соработка на високо ниво, Ердоган и Путин ќе се состанат и со претставници од бизнис-секторот на двете земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2019 10:00