Извидувачките и јуришни бродови на руската Црноморска флота, како и нејзините крајбрежни ракетни системи се во зголемена готовност поради НАТО вежбата во Црно Море, соопшти Контролниот центар за национална одбрана на руското Министерство за одбрана.

Центарот наведува дека Црноморската флота презема низа мерки за набљудување на бродовите на НАТО.

– Извидувачките бродови, како и групите за поморски напади, крајбрежните ракетни системи „Бастион“ и „Бал“ и поморската авијација се ставени во зголемена готовност во одредени подрачја , посочи Центарот.

Во југозападниот дел на Црно Море денеска почна НАТО вежбата „Морски штит 2019“ во која учествуваат бродови и авиони на САД, Бугарија, Грција, Канада, Холандија, Романија и Турција, заедно со претставници на грузиските и украинските вооружени сили.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2019 12:40