Во борбите во либиската престолнина Триполи досега се убиени најмалку 25, а ранети се 80 луѓе, соопшти Министерството за здравство во тој град.

– Меѓу загинатите има борци од двете страни и цивили, вклучувајќи и цели семејства, изјави портпарол на Министерството за здравство.

Во Либија од минатата недела се обновени судирите откако непризнатата Либиската национална армија предводена од Калиф Хафтар тргна кон освојување на западниот дел на земјата и центарот на Триполи, каде што контролата ја има меѓународно признатата Влада, предводена од Фајез Сераџ.

Сараџ возврати со операцијата „Вулкан на гневот“ за одбрана на престолнината на Либија.

Либија е во хаос уште од 2011 година, од соборувањето од власта и свирепото убиство на лидерот Муамер Гадафи, кога е поделена на територии под контрола на меѓународно признатата Влада на Сераџ во Триполи и паралелна администрација лојална на Хафтар.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2019 18:17