Европските регулатори го казнија американскиот индустриски конгломерат Џенерал електрик со 52 милиони евра за давање погрешни информации при преземањето на данскиот производител на ветерни турбини ЛМ Винд.

Џенерал електрик пред две години побара одобрување од ЕУ за купување на ЛМ Винд, тврдејќи дека ќе развива само турбини од шест мегавати.

Врз основа на детални информации на други актери на пазарот е утврдено дека тоа не е точно.

Џенерал електрик потоа го повлече барањето за одобрување на трансакција и повторно го поднесе еден месец подоцна со повеќе податоци за идните проекти. ЕК го одобри преземањето во март 2017 година.

Четири месеци подоцна Брисел врз основа на првата пријава против Џенерал електрик почна истрага за доставените погрешни податоци. Денешната одлука за казната е резултат од таа истрага.

Комисијата во 2017 година го казни Фејсбук со парична казна од 110 милиони евра поради давање неточни информации при купувањето на „Ватсап“.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2019 18:22