Полицијата во Уганда синоќа соопшти дека ги спасила американската туристка и нејзиниот возач, кои беа киднапирани од вооружени мажи во национален парк на 2 април.
Двајцата се во „добра здравствена состојба” и „во безбедни раце”, соопшти полицијата на Твитер. Властите не соопштија дополнителни детали.
Киднаперите барале откуп од 500.000 долари за ослободување на Американката Ким Ендикот и нејзиниот возач од Уганада.
Тие беа киднапирани на 2 април во националниот парк Квин Елизабет, заштитено подрачје во близина на границата со Конго.
Во овој момент не е познато дали е платен откуп за Ендикот.
Државниот весник „Њу вижн“ денеска, повикувајќи се на неофицијални извори, објави дека на киднаперите им бил платен откуп од 30.000 долари.