Претендентот за претседателски кандидат од редовите на демократите, Бето О‘Рурк, синоќа на митинг во Ајова изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, „е расист“, објави Си-Ен-Ен.
Во својот говор О‘Рурк истакна дека американско-израелските односи се „меѓу најважните на планетата“ но го искритикува Нетанјаху.
-За да бидат успешни, овие односи треба да се воздигнат над партизираноста во САД, и треба да се воздигнат над еден премиер кој е расист бидејќи испраќа предупредувања кон Арапите за време на изборна кампања, ги урува сите патишта кон мирот со заканите дека ќе го анектира Западниот Брег и кој застана со радикалната десница, расистичка партија, за да успее да остане на власт, изјави О‘Рурк.
Тој додаде дека Нетанјаху не ја претставува волјата на израелскиот народ, или најдобрите интереси во односите меѓу САД и Израел. Изјави и дека поддржува решение со две држави како најдобра можност за мир меѓу Израел и Палестина.
Пораките на О‘Рурк се дел од тековната дебата во Демократската партија за Израел и улогата на Нетанјаху кој неодамна беше во посета на Вашингтон и со кога претседателот Доналд Трамп има добри односи. Трамп неколку пати досега ги нападна демократите за антисемитизам.
Во Ирзаел утре се одржуваат парламентарни избори и актуелниот премиер изјави дека ако освои нов мандат ќе ги анектира населбите во окупираниот Западен Брег.