Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави денеска дека сака да ги стави воените сили на САД на Блискиот исток на листа на земји, кои Иран ги смета за терористички организации.
Откако САД објавија дека Иранската револуционерна гарда ја прогласуваат за „странска терористичка организација“, иранскиот министер за надворешни работи побара во писмо од претседателот Хасан Рохани на САД да им се одговори со реципроцитет.
Зариф, исто така, испрати протесна нота за американската одлука до швајцарската амбасада во Техеран, која се грижи за американските интереси во Иран.
САД утрово објавија дека ќе го зголемат меѓународниот притисок врз Иран.