Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска и утре ќе учествува на форумот „Берлинскиот дијалог за енергетска транзиција“, кој се одржува во Берлин, во организација на Федералното министерство за надворешни работи.

Анѓушев денеска ќе биде и говорник на панелот „Возможна мисија“, а ќе реализира средби со претставници на политичкиот живот и енергетскиот сектор од СР Германија.

На форумот во Берлин ќе присуствува и генералниот директор на АД ЕЛЕМ д-р Драган Миновски.

Анѓушев учествува на форумот на покана на сојузниот министер за економија и енергетика на СР Германија Петер Алтмаер.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2019 10:03